| Интернет |
|
| Брзина на интернет пристап (D/U) (1) |
До 6 Mbps / 768 Kbps |
| Вклучен интернет сообраќај месечно (D+U) |
30 GB (2) |
| E-mail адреса |
Вклучена |
| Говорни услуги |
|
| Вклучен сообраќај во мрежата на Македонски Телеком (3) |
200 минути (4) |
| Вклучени разговори кон 2 Max, 3 Max, Call & Surf и Optic корисници |
Неограниченo |
| Сообраќај од фиксен кон мобилен во Македонија |
Редовни цени |
Од 1 Март 2011 година се применува зголемување на вклучениот интернет сообраќај во сите Call & Surf пакети.
- Корисниците кои склучиле договор во март 2010 година или подоцна, автоматски ќе добијат зголемување на вклучениот сообраќај.
- Корисниците кои склучиле договор пред 1 март 2010 година, а кои сакаат да ги користат карактеристиките на објавениот пакет ќе треба да мигрираат во еден од нашите продажни салони или преку Контакт центарот на телефонскиот број 171.
- Цените и останатите карактеристики на пакетите остануваат непроменети.
(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори, како што се брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком ќе ја испорача највисоката можна брзина.
(2) По надминувањето на вклучениот сообраќај од 30 GB (download + upload), брзината на пристап се намалува на 256 / 256 Kbps (download/upload).
(3) Говорниот сообраќај вклучува локални и национални повици во рамките на фиксната мрежа на Македонски Телeком, но не вклучува повици кон специјални броеви како, 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др. и повици кон други оператори, коишто се наплатуваат по редовни цени.
(4) По надминување на 200 минути разговори вклучени во месечниот надомест, разговорите се наплатуваат по редовните цени.
Неодоливо за сите студенти!
Ако дома имате MaxADSL, Call & Surf, 2 Max, 3 Max или некој од пакетите Optic, сега имате одлична можност да уживате во Call & Surf и онаму каде што живеете за време на вашите студии, но по специјални услови за студенти, без обврски и без дополнителни трошоци.
Со студентската понуда дополнитено добивате:
- Бесплатни разговори помеѓу сите корисници на Call & Surf, 2 Max и 3 Max (како меѓу вас и вашите родители)
- Бесплатна самоинсталација
- Бесплатна инсталација на нова фиксна линија
- Бесплатно мирување
Попуст на уреди
За сите нови и постојни Call & Surf корисници кои ќе потпишат договор на една година, обезбеден е попуст на малопродажните цени на компјутери и компјутерска опрема, телевизори и голем избор на други уреди. Покрај попустот, обезбедена е и можност за поедноставено купување, со плаќање на рати преку телефонска сметка.
Проверете ја понудата на уреди
За лица со посебни потреби
Ако припаѓате на оваа категорија, за вас обезбедивме специјален попуст, доколку земете кој било од пакетите Call & Surf. Со потпишување на договор на една година, ќе можете да користите попуст во износ од 500 денари со вклучен ДДВ на месечниот надомест на избраната услугата.
Овој попуст важи за лица кои трајно го загубиле видот, за лица со тешка инвалидност, за инвалиди на трудот (од 80% до 100%), за глуви и наглуви лица и за параплегичари, со доставено решение од надлежен орган.

Студентската понудата важи за сите студенти запишани на редовни, после дипломски или докторски студии, коишто дома користат MaxADSL, Call & Surf, 2 Max, 3 Max или некој од пакетите Optic со договор склучен на определено време. Можноста за мирување на услугата важи до 3 месеци.
За правилно функционирање на Call & Surf пакетот потребен е соодветно инсталиран и конфигуриран уред за интегриран пристап. Уредот го обезбедува Македонски Телеком.
Опремата ја поврзува тим на Македонски Телеком, освен во случај на пакет со самоинсталација кога е потребно сами правилно да ја поврзете и конфигурирате опремата.
Обезбедуваме два типа на уреди за кои упатствата за употреба можете да ги преземете тука.
Thomson TG 782
Speedport W 503V
Доколку во процесот на поставување и користење на опремата ви е потребна помош, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 12345 во Службата за техничка поддршка на корисници, каде ќе добиете инструкции за инсталација на опремата.