Повик без бирање (жешка линија) со неодложно извршување
Услугата овозможува при подигање на слушалката, без бирање, автоматски да се воспостави врска со однапред зададен број. Телефонскиот број кој треба автоматски да се повика, се поставува од страна на операторот на Македонски Телеком, во согласност со вашето барање.
Повик без бирање (жешка линија) со одложено извршување
Услугата овозможува при подигање на слушалката за време од 5 секунди да се избере било кој телефонски број. Во случај да не е избран број, по истекот на времето автоматски се воспоставува врска со однапред зададен телефонски број. Телефонскиот број кој треба автоматски да се повика, се поставува од страна на операторот Македонски Телеком, во согласност со вашето барање.
Услугата Повик без бирање со одложено извршување, по потреба може да ја активирате или деактивирате со внесување на соодветен код.
Откако ќе го внесете кодот се активира говорна порака или тон на потврда дека услугата е активирана или деактивирана.
Активирање: *53#
Деактивирање: #53#
1. Повик без бирање (жешка линија) со неодложно извршување:
во локална мрежа - 354 денари/месечно
во меѓумесна мрежа - 236 денари/месечно
во меѓународна мрежа - 23,6 денари/месечно
плус остварен сообраќај согласно ценовникот на Македонски Телеком.
2. Повик без бирање (жешка линија) со одложено извршување:
118 денари /месечно
плус остварен сообраќај согласно ценовникот на Македонски Телеком.
Сите цени се со вклучен ДДВ.