Услугата овозможува на постоечка телефонска линија да добиете дополнителен телефонски број кој ќе ѕвони различно од постојниот број. Не добивате нова посебна линија од која ќе можете да бирате (ниту посебна телефонска сметка), туку само ќе може да го разликувате ѕвонењето во зависност од тоа кој број го избрал повикувачот.
Услугата овозможува до три различни дополнителни виртуелни телефонски броеви.
Телефонските апарати кои сами го генерираат ѕвонењето, не ја подржуваат оваа услуга. Услугата функционира само на стандардна PSTN линија.
За стандардна PSTN линија - 35,4 денари/месечно за секој дополнителен виртуелен број.
Услугата е вклучена во пакетите дополнителни услуги VAS1, VAS2.