Моја сметка обезбедува увид во моменталната состојба на сметка, а за корисниците преку веб преглед на сметки, како и можност за електронско плаќање на сметки. Услугата е достапна преку веб страницата Мој Телеком на https://moj.telekom.mk или со јавување на телефонскиот број 14 27 14.
Моја сметка на интернет
За пристап до Моја сметка потребно е да се најавите на Вашата лична страница на Мој Телеком преку директниот линк https://moj.telekom.mk или преку www.t-home.mk.
За корисниците на ADSL базирани и Optic пакети најавата е со MaxADSL/Optic корисничко име и лозинка, додека за сите останати со внесување на телефонски број и конто бројот од сметката.
Единствена можност за корисниците на Моја сметка преку интернет е електронско плаќање на телефонски сметки, кое овозможува да стигнете до платена сметка во само четири чекори без ограничување на времето и местото од каде ќе го извршите плаќањето. Услугата за електронско плаќање е достапна 24х7, од секаде во светот.
Моја сметка преку телефон
Со јавување на телефонскиот број 14 27 14, следете ги инструкциите на говорниот автомат. Услугата е достапна само од телефонската линија/број на претплатникот, и само во рамките на мрежата на Македонски Телеком. За да може да ја користите услугата преку телефон, неопходен е телефонски апарат со тонско бирање.
Добиениот износ за моменталната сосотојба на сметка се однесува на направениот сообраќај во соодветниот период, без пресметани попусти, ДДВ и без месечните претплати за линијата, за дополнителните услуги итн.
Услугата е овозможена на ниво на конто, т.е. ако сметката (фактурата) која ја добивате содржи повеќе телефонски броеви, добиените информации (сите три вида) ќе претставуваат збир од направениот сообраќај за сите телефонски броеви на тоа конто.
Moja сметка e достапна преку:
- Месечна претплата, за неограничен број на пристапи во текот на месецот преку интернет и преку телефон - 23,60 денари /месечно
- Инцидентен повик, без претплата за услугата, достапен само за Моја сметка преку телефон - 4,72 денари по повик.
Услугата е вклучена во пакетот дополнителни услуги VAS2 и сите 3 Max пакети.