Ако сте корисник на фиксната телефонска мрежа на Македонски Телеком (вклучувајќи ги и сите видови јавни говорници) или сте активен постпејд или припејд корисник на мрежата на Т-Mobile (и во случај на кредит 0 денари), имате можност да воспоставувате телефонски повици кон корисниците на фиксната телефонија на Македонски Телеком, на сметка на повиканиот корисник.
- Завртете го бесплатниот телефонски број 02 18 33 за да се поврзете со операторот,
- Оставете го своето име и презиме, како и бараниот телефонски број во форма: 389 2 xxxxxxx (примерот е за Скопје),
- Операторот ќе го повика бараниот корисник,
- Доколку бараниот корисник го прифати повикот на своја сметка, операторот ќе ја воспостави телефонската врска.
Услугата е достапна само за повици упатени кон фиксната телефонска мрежа на Македонски Телеком, 24 часа на ден, и тоа кон корисници кои редовно ги плаќаат своите сметки и немаат забрана за типот на сообраќај за кој се бара посредување.
На сметката на повиканиот корисник се пресметува:
- еднократен надомест за воспоставување на повикот по цена од: 8,26 денари по повик од фиксната телефонска мрежа на Македонски Телеком и 11,8 денари по повик за повици иницирани од корисниците на Т-Mobile дополнително се наплатува остварениот сообраќај во согласност со ценовникот на Македонски Телеком.
Доколку повикот не се воспостави истиот не се наплаќа. Интервалот за наплата почнува по прифаќањето на повикот од страна на повиканиот корисник.