Услуга овозможува да добиете информација дали постои техничка можност за инсталирање на ADSL интернет пристап на вашата телефонска линија, со проверка преку веб страницата
www.t-home.mk или со јавување на телефонскиот број 14 20 14.
Услугата може да ја користите во секое време без да поднесувате барање за активирање.
ADSL локатор на Интернет
За да ја добиете бараната информација, на веб страната www.telekom.mk треба:
- да го одберете повикувачкиот број на градот и
- да го внесете телефонскиот број за кој сакате да добиете информација.
ADSL локатор преку телефон
Услугата ADSL локатор преку телефон можете да ја користите во рамките на мрежата на Македонски Телеком, 24 часа на ден. Завртете го бројот 14 20 14 и следете ги инструкциите на говорниот автомат.
- Ако се јавувате од сопствениот телефонски број, можете да го притиснете копчето ѕвезда * на телефонот и веднаш да добиете одговор или можете да почекате, до 7 секунди, по што автоматски ќе го добиете одговорот,
- Ако се јавувате од друг телефонски број, треба да го внесете телефонскиот број за кој сакате да направите проверка.