Корисниците кои склучиле договор за одреден пакет пред 18 јуни, 2012 година, а сакаат да ги користат новите поволности, потребно е да поднесат барање за миграција во еден од новите пакети, во Телеком продавниците или преку Контакт центарот на 122.
(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори, како што се брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком ќе ја испорача највисоката можна брзина.
(2) По надминување на вклучениот интернет сообраќај, брзината на пристап се намалува на 256 Kbps /256 Kbps.
(3) Со пакетот следува неограничен безжичен Wi-Fi интернет сообраќај на околу 500 Telekom HotSpot локации низ Македонија, кафулиња, ресторани, трговски центри, автобуси, такси возила и други локации. Бројот и местоположбата на Telekom HotSpot локациите може во секое време да се промени.
(4) Опремата е во сопственост на Македонски Телеком.