Со тарифниот модел Петка на T-Home можете да зборувате до 60 минути за само 5 денари. Тарифниот модел важи само за локални разговори.
- Се наплаќаат само првите 5 денари од разговорот, додека разговорот над 5 денари, па сè до 60 минути е бесплатен.
- Во нормална тарифа износот од 5 денари се достигнува за времетраење на разговорот од 5 минути, додека во евтина тарифа, времетраењето на разговорот е 8 минути.
- Првите 5 минути во нормална и 8 во евтина тарифа се наплаќаат по стандардни цени.
Тарифниот модел можете да го активирате во нашите продажни салони, преку Контакт центарот на телефонскиот број 171 или преку интернет.