Од 1 Март 2011 година се применува зголемување на вклучениот интернет сообраќај во сите Call & Surf пакети.
- Корисниците кои склучиле договор во март 2010 година или подоцна, автоматски ќе добијат зголемување на вклучениот сообраќај.
- Корисниците кои склучиле договор пред 1 март 2010 година, а кои сакаат да ги користат карактеристиките на објавениот пакет ќе треба да мигрираат во еден од нашите продажни салони или преку Контакт центарот на телефонскиот број 171.
- Цените и останатите карактеристики на пакетите остануваат непроменети.
(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори, како што се брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком ќе ја испорача највисоката можна брзина.
(2) По надминувањето на вклучениот сообраќај од 60 GB (download + upload), брзината на пристап се намалува до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).
(3) Ако сте корисник на говорни услуги на Македонски Телeком и мигрирате во Optic пакет кој вклучува говорна услуга, можете да го задржите вашиот постоен телефонски број. Ако сте корисник на говорни услуги на друг оператор и мигрирате во Optic пакет кој вклучува говорна услуга, можете да побарате од вашиот оператор пренесување на телефонски број, за да го задржите истиот број при активација на Optic пакетот (за пренесување на телефонски број потребна е согласност од вашиот сегашен оператор).
(4) Говорниот сообраќај вклучува локални и национални повици во рамките на фиксната мрежа на Македонски Телeком, но не вклучува повици кон специјални броеви како, 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др. и повици кон други оператори, коишто се наплатуваат по редовните цени.
(5) По надминување на 200 минути разговори вклучени во месечниот надомест, разговорите се наплатуваат по редовните цени.
(6) За склучен договор до 31.03.2012, со пакетот следува втора телефонска линија со посебен телефонски број, без дополнителен надомест (само треба да поврзете втор телефонски апарат на оптичкиот уред). Повици помеѓу основната и втората телефонска линија се без дополнителен надомест. Вклучените минути локален и национален сообраќај без дополнителен надомест важат за основната и втората телефонска линија вкупно (на пример: со 200 минути вклучени со пакетот, можете сите да ги искористите од основната линија, или сите да ги искористи од втората линија, или 150 минути од основната линија и 50 минути од втората линија, или во било која друга комбинација со тоа што збирот на минутите без дополнителен надомест од основната и втората линија е ограничен на нивото предвидно со пакетот). Истите тарифи и услови кои важат за основната телефонска линија важат и за втората телефонска линија.