Сподели доживувања
 Универзална телефонска картичка 

Телефонските картички за универзална употреба може да се употребуваат од:

  • Припејд јавните телефонски говорници
  • Стандардните јавни говорници
  • Фиксните телефонски линии (активни во два правци) и од
  • Припејд телефонските линии (со валиден припејд кредит што редовно се обновува согласно со договорот)

Во продажба можат да се побарате картички за универзална употреба од 150, 250 и 500 денари.

Важноста на телефонските картички е 3 години од нивното издавање, односно 12 месеци од нивното активирање.

Употреба

  • Изгребете ја заштитната обвивка за да видите кој е бројот на картичката
  • Повикајте го бесплатниот број 1223 и следете ги инструкциите на говорниот автомат
  • Изберете јазик (македонски, албански или англиски) со притискање на копчињата 1, 2 или 3
  • Внесете го бројот што се појавува под заштитната обвивка на картичката
  • Потоа изберете го бројот на корисникот со кој сакате да разговарате

Ако бирате број во националната мрежа изберете го прво повикувачкиот број за подрачјето (на пример за Скопје 02), па потоа бројот на корисникот.

Овие телефонски картички кога се употребуваат на стандардните јавни телефонски говорници не треба да се ставаат во читачот на картички туку треба да се следат инструкциите наведени на задната страна на картичката.