Телефонската картичка за јавни говорници може да се употребува само во стандардните јавни телефонски говорници. Се вметнува во читачот на телефонски картички во јавната говорница по што на екранот се појавува вредноста која во моментот ја има на картичката.
Во продажба можат да побарате картички со вредност од 150, 250 и 500 денари.
Важноста на секоја картичка е три години од нејзиното издавање, односно 12 месеци од нејзиното активирање.
На секоја говорница можат и да ве бараат!
Бројот на кој може да ве бараат на јавната телефонска говорница ќе го видите со притискање на копчето „телефонски број" на говорницата.