Сподели доживувања
 Картичка за меѓународни разговори 

Користејќи ја оваа картичка ќе имате можност да правите меѓународни разговори по неверојатно поволни цени при што квалитетот на врската ќе биде беспрекорен. Трошокот направен за разговорите ќе биде одземен од кредитот на картичката и нема да ја оптоварува и да се појавува на телефонската сметка, а вие ќе имате постојан увид за состојбата на кредитот на вашата картичка.

Вредноста на картичката е 590 денари.

Употреба

Картичката за меѓународни разговори може да се употребува од:

  • Припејд јавните телефонски говорници
  • Стандардните јавни говорници
  • Фиксните телефонски линии (активни во два правци)
  • Припејд телефонските линии (со валиден припејд кредит што редовно се обновува согласно со договорот)

За воспоставување на меѓународни телефонски повици со оваа картичка:

  • Завртете го бесплатниот број 0800 11 222
  • Изберете јазик и следете ги пораките на говорниот автомат
  • Внесете го бројот од картичката
  • Изберете го кодот 00
  • Изберете го соодветниот меѓународен код на земјата што сакате да ја повикате
  • Изберете го меѓуградскиот (националниот) повикувачки број, без 0 однапред
  • Изберете го бројот на корисникот

Картичките може да се употребуваат во период од 6 месеци, сметајќи од првата употреба.