Сподели доживувања
 Заштита на интернет

Програми кои генерираат дополнителен сообраќај

Покрај нападите од хакери, одредени програми кои ги имате инсталирано на компјутерот, генерираат сообраќај без ваше знаење. Тука спаѓаат и корисни програми како анти-вирус програмите, Windows update и сл. Сепак поради природата на овие програми, препорачуваме да останат активни поради корисната улога која ја вршат.

Други програми кои може да генерираат сообраќај без ваше знаење се злонамерните програми т.е. „црви“. Најдобар начин на заштита од нив е со инсталација и редовно обновување на програмите за заштита од злонамерен софтвер. Значително намалување на шансите за генерирање на дополнителен и несакан сообраќај можете да избегнете на следниов начин:

  • Избегнувајќи веб страни со сомнителна содржина,
  • Неотворање на електронската пошта (e-mail) од непознат праќач или пак од познат праќач, но со сомнителен наслов и
  • Чување во тајност на корисничкото име и лозинка