Сподели доживувања
 Заштита на интернет

Препораки за креирање и користење на лозинки (Password)

Чувајте ја вашата лозинка за пристап на интернет во тајност!

Вашата лозинка (Password) за поврзување на интернет заедно со корисничкото име се начинот со кој се приклучувате на интернет. Секое корисничко име е уникатно и освен што со него можете да се поврзете на интернет, служи и за да се пресмета колку сообраќај сте направиле, колку минути сте поминале на интернет и сл. Потрошениот сообраќај не зависи од компјутерот каде што сте поврзани, зависи само од корисничкото име. Лозинката е единствената заштита на тоа корисничко име.

Совети за креирање на ефективна лозинка

Поврзувајќи се на интернет секогаш треба да имате на ум дека постои можност други корисници на интернет да го нападнат вашиот компјутер со различни методи за пробивање на вашата лозинка (Password). Користејќи претпоставки и различни програми кои прават комбинации на букви, броеви и други карактери кои постојат на тастатурата, лозинките можат да бидат откриени и вие станувате жртва на злоупотреба. Најчесто секој од нас креира лозинка која е едноставна да се запoмни. Такви лозинки се имиња и броеви кои имаат некакво значење за нас. Тоа се “лесни” лозинки кои едноставно се откриваат. Дури и можните варијации се едноставни за пронаоѓање од програмите кои се користат за пробивање на лозинки.

Одлучувачки фактори во откривање на лозинката се должината и карактерите кои се употребени за креирање на лозинката. За избегнување на можности од напад на вашиот Account, обидете се во креирање на лозинката да не користите лични податоци или зборови кои лесно подсетуваат на вас. Неколку примери за лоши Лозинки се: име на фирма, вашето име или презиме, password, 12345678, admin.

ДОБРО Е да користите:

  • Лозинка која има најмалку 8 карактери
  • Комбинација на мали и големи букви
  • Комбинација на букви, броеви и други знаци од вашата тастатура
  • Фраза или комбинација на зборови за полесно да ја запамтите лозинката

НЕ Е ДОБРО да користите:

  • Само букви или само броеви
  • Лозинка со повторување на букви или броеви
  • Големи букви само на почеток или на крај на лозинката
  • Зборови кои можат да се најдат во речник, вклучувајќи и речник на странски зборови
  • Вашето Корисничко име или варијација на истото за лозинка
  • Имињата на вашите најблиски: деца, девојка, домашни миленичиња итн.
  • Име на автомобил, хоби, школо, факултет
  • Адреса
  • Телефонски броеви, датуми на раѓање или други лични броеви
  • Имиња на: книги; филмови; песни; естрадни, митски, религиозни, јавни личности;
  • Иста лозинка на различни компјутери или онаму каде што е потребна (email, пристап на интернет)
  • При промена на лозинката не правете мали варијации на предходната, како што е додавање само на број или буква.

Теоретски секоја, па дури и лозинка креирана според најстрогите критериуми, може да биде откриена и злоупотребена. Но, заради ограничувачката процесирачка моќ на компјутерите од кои се прават злоупотреби, потребно е време тоа да се случи. Заради тоа ви препорачуваме редовна промена на вашата лозинка. Препорачливо е да се промени еднаш во месецот. Секако, може да најдете различни препораки за динамиката на промена на лозинката, но останува да важи “Почесто е подобро”.