Сподели доживувања
 Заштита на интернет

Како да проверите дали ADSL корисничкото име и лозинката се злоупотребени

Еден од податоците кои може да бидат украдени е корисничкото име и уште поважно - лозинката за пристап на интернет преку ADSL интернет врската. Со тие податоци, хакерот може да се поврзе на интернет при што целокупниот сообраќај кој ќе биде направен од него, ќе биде на Ваше име и сметка.

Со цел навремено да ја забележите дека злоупотребата на Вашето корисничко име и лозинка, треба редовно да го проверувате остварениот ADSL сообраќај во тековниот месец, преку web страницата Мој Телеком.

Сите сомнителни промени на сообраќајот (значителни зголемувања во периоди кога не сте користеле интернет) може да бидат знак дека некој друг го користи вашето корисничко име. Поради тоа најпрво треба да ја промените лозинката за пристап, со што би оневозможиле понатамошна злоупотреба. Промената на лозинката може да ја направите на Мој Телеком. Притоа треба да земете во обзир дека промените може да не се случат веднаш и дека злоупотребата може да потрае до еден ден од промената на лозинката. Доколку и понатаму се сомневате дека некој ја злоупотребува Вашата ADSL конекција, може да се јавите на бесплатниот телефонски број 0800 12345, каде што ќе пријавите можна злоупотреба, а ќе добиете дополнителни информации и препораки.