Препораки за заштита од злоупотреби
Секој корисник на MaxADSL услугата, со присуството на интернет лесно може да стане жртва на хакерски напади, доколку не се заштити.
Дали вашиот компјутер ќе стане жртва на хакерски напад зависи од повеќе фактори:
- Какви програми за заштита користите
- На какви веб страници пристапувате
- Кој оперативен систем го користите
Пракса меѓу хакерите е да користат туѓи компјутери кои што се постојано поврзани на интернет, како „отскочни штици“ за понатамошни напади. Во тој случај многу е тешко да се утврди од каде навистина доаѓа нападот. Целокупната штета која ќе ја направи хакерот со своите напади ќе изгледа како да е направена од вашиот компјутер.
Хакерскиот упад на вашиот компјутер може да се случи на пример, преку e-mail порака во кој има прикачен документ кој бара од вас да го отворите. Е-mail пораката може да има некоја шарена и весела анимација, да биде од ваш “пријател” или да повикува на хумана акција. Имајте на ум дека овие e-mail пораки во позадина инсталираат „црв“ кој хакерот може да го користи по желба: за злоупотерба на вашиот компјутер за напади кон трети лица, да ви украде битни податоци како лозинка на вашиот ADSL пристап, броеви на кредитни картички и други важни податоци. Голем број на „црви“ се познати уште и како „спајвер“, „адвер“, „тројанци“ итн. Освен преку e-mail пораки може да се “закачат” и при сурфање на веб страници со сомнителни содржини (порнографски, хакерски, кракерски).
Препорачуваме да бидете исклучително внимателни при инсталирање на разни програми од сомнително потекло.