Сподели доживувања
 Достапност на Optic пакетите 

Во местото каде живеам нема оптика. Што да направам?

Optic пакетите се достапни во неколку реони во Скопје. Веќе во текот на оваа година, планирано е проширување на оптичката мрежа во други градови низ Македонија и низ повеќе реони во Скопје. Оптичката мрежа се шири во реоните каде има најмногу заинтересирани корисници за Optic пакети.

За побрзо проширување на оптичката мрежа до вашиот дом, поднесете барање:

  • Во еден од нашите продажни салони
  • Преку Контакт Центарот на телефонскиот број 171, или
  • Преку интернет

Во мојата зграда нема оптика, а во соседната зграда има. Зошто?

Оптичката мрежа засега се протега во ограничен број на реони. Ако живеете во еден од овие реони, а во вашата зграда нема оптика, проверете дали вашиот куќен совет дал согласност за поставување оптика во вашата зграда. Ако сеуште нема согласност, потребно е:

  • Преземете го формуларот за согласност за поставување на оптика во вашата зграда
  • Пополнетиот формуларот треба да биде потпишан од претседателот на вашиот куќен совет
  • Пополнетиот формулар испратете го по пошта на наша адреса.

Адреса
Македонски Телеком АД – Скопје
Горан Трајановски, Област за регулативни прашања
“Орце Николов” бб, 1000 Скопје, Македонија

Листа на адреси каде се достапни Optic пакетите

Проверете дали во овој момент на вашата адреса има можност за Optic пакет.