Напомени
Од 1 Март 2011 година се применува зголемување на вклучениот интернет сообраќај во сите 3 Max Optic пакети.
- Корисниците кои склучиле договор во март 2010 година или подоцна, автоматски ќе добијат зголемување на вклучениот сообраќај.
- Корисниците кои склучиле договор пред 1 март 2010 година, а кои сакаат да ги користат карактеристиките на објавениот пакет ќе треба да мигрираат во еден од нашите продажни салони или преку Контакт центарот на телефонскиот број 171.
- Цените и останатите карактеристики на пакетите остануваат непроменети.
Корисниците на говорни услуги на Македонски Телeком кои мигрираат во Optic пакет, можат да го задржат постојниот телефонски број. Корисниците на говорни услуги на друг оператор кои мигрираат во Optic пакет, може да побараат од операторот пренесување на телефонскиот број, и задржување на бројот при активирање на Optic пакетот (за пренесување на телефонски број потребна е согласност од операторот).
(1a) По надминување на прагот од 100 минути месечно разговори во локален и национален сообраќај вклучени во месечната претплата, разговорите се наплатуваат по редовни цени. Вклучениот сообраќај не се однесува на повици кон специјални броеви (на пр. 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др.) и повици кон други оператори.
(1) По надминување на прагот од 200 минути месечно разговори во локален и национален сообраќај вклучени во месечната претплата, разговорите се наплатуваат по редовни цени. Вклучениот сообраќај не се однесува на повици кон специјални броеви (на пр. 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др.) и повици кон други оператори.
(2) По надминување на прагот од 500 минути месечно разговори во локален и национален сообраќај вклучени во месечната претплата, разговорите се наплатуваат по редовни цени. Вклучениот сообраќај не се однесува на повици кон специјални броеви (на пр. 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др.) и повици кон други оператори.
(3) За неограничените разговори во локален и национален сообраќај важи политика на фер користење која подразбира телефонски разговори од 100 часа месечно. По надминувањето на овој праг, разговорите се наплатуваат по редовни цени. Вклучениот сообраќај не се однесува на повици кон специјални броеви (на пр. 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др.) и повици кон други оператори.
(4) Меѓународните телефонски разговори се лимитирани на 10 часа месечно за време на промотивниот период. По надминување на овој праг разговорите се наплатуваат со редовните попусти дефинирани во пакетите.
(5) Пакетот дополнителни услуги 1 содржи: Идентификација на повик (CLIP), Повик на чекање со задржување на врска, Пренасочување на повик и еден дополнителен број (на постоечка линија) со различно ѕвонење. За активирање на Пакетот дополнителни услуги 1 треба да поднесете барање. Останатите дополнителни услуги се наплатуваат по редовните цени.
(6) Повици помеѓу основната и втората телефонска линија се без дополнителен надомест. Вклучените минути локален и национален сообраќај без дополнителен надомест важат за основната и втората телефонска линија вкупно. Tарифите и услови кои важат за основната телефонска линија важат и за втората телефонска линија.
(7a) Доколку месечниот сообраќај го надмине лимитот од 30 GB, или во случај на злоупотреба, Македонски Телeком АД го задржува правото да ја ограничи брзината на пристап на ниво до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).
(7) Доколку месечниот сообраќај го надмине лимитот од 60 GB, или во случај на злоупотреба, Македонски Телeком АД го задржува правото да ја ограничи брзината на пристап на ниво до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).
(8) Доколку месечниот сообраќај го надмине лимитот од 120 GB, или во случај на злоупотреба, Македонски Телeком АД го задржува правото да ја ограничи брзината на пристап на ниво до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).
(9) За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 500 GB месечно. По надминување на вклучениот сообраќај, брзината на пристап се намалува до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).
(10) Дополнителните канали се по избор на корисникот, бесплатно или со доплата.
* Попустот на меѓународните разговори важи за повици во рамки на фиксната телефонска мрежа. Земјите вклучени во попустот согласно на пакетот се:
- За 3 Max Optic Comfort пакет: Австрија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Италија, Швајцарија, Турција, САД
- За 3 Max Optic Comfort + пакет: Австрија, Албанија, Австралија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Италија, Црна Гора, Србија, Словенија, Шведска, Швајцарија, Турција, САД.