Корисниците кои склучиле договор за одреден пакет пред 01 Мај, 2012 година, а сакаат да ги користат новите поволности, потребно е да поднесат барање за миграција во еден од новите пакети, во Телеком продавниците или преку Контакт центарот на 171.
(1) За неограничени разговори во мрежата на Македонски Телеком важи политика за фер користење од 100 часа месечно. По надминување на вклучените 100 часови месечно, разговорите се наплатуваат по редовните цени за локални и национални разговори во рамки на мрежата на Македонски Телеком.
(2) За неограничени разговори кон други фиксни мрежи важи политика за фер користење од 10 часа месечно. По надминување на вклучените 10 часови месечно, разговорите се наплатуваат по редовните цени за локални и национални разговори кон други фиксни мрежи.
(3) По надминување на вклучените разговори, важат редовните цени за разговори кон мрежата на T-Mobile.
(4) Редовниот попуст од 30% се однесува на фиксни и мобилни меѓународни дестинации. Бесплатните меѓународни разговори важат за фиксни мрежи во следните земји: САД + Алјаска, Австралија, Канада, Австрија, Шпанија, Шведска ,Швајцарија, Чешка, Црна Гора, Хрватска, Холандија, Франција, Финска, Унгарија, Украина, Турција, Србија + Косово, Словенија, Словачка, Сан Марино, Русија, Романија, Португалија, Полска, Норвешка, Монако, Молдавија, Малта, Луксембург, Лихтенштајн, Литванија, Латвија, Кипар, Италија, Исланд, Ирска, Естонија, Ерменија, Данска, Грција, Грузија, Германија, Велика Британија, Ватикан, Бугарија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Белгија, Андора, Албанија, Азербејџан. По надминување на 10 часа во текот на еден месец, разговорите се наплатуваат по редовните цени со 30% попуст.
(5) Пакетот дополнителни услуги вклучува: идентификација на повик (CLIP), повик на чекање со задржување на врска и пренасочување на повик.
(6) Дополнителните канали се по избор на корисникот, бесплатно или со доплата.