Паузирање на програма во живо
Со MaxTV, можете да ја сопрете програмата која ја гледате и потоа да продолжите со гледање точно од моментот од каде што сте ја сопреле програмата во живо.
|
Напред и назад на програма во живо
Содржината којашто ја гледате, автоматски се меморира и затоа можете повторно да ги погледате секвенците коишто вам ви се интересни или сте ги пропуштиле.
|
Снимање на програма
MaxTV овозможува снимање на повеќе од 150 часа содржини кои сами ќе ги изберете. Најдобро од сé е тоа што можете да закажете снимање на програми и кога не сте дома, преку Мој Телеком на веб или преку мобилен.
|
ТВ-тека
„ТВ-тека“ е eксклузивнa бесплатна опција на MaxTV, кој ќе ви овозможи да гледате ТВ содржини емитувани во последните три дена, без притоа да закажувате снимање. Во архивата се зачувани сите содржини кои се емитувале на кој било од каналите: МТВ1, Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат-М. Пристапот до ТВ-тека е преку Мени > Видеотека > ТВ-тека.
|