Сподели доживувања
 Безготовинско плаќање 

Електронско банкарство (преку интернет)

Преку системите за електронско банкарство на Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Тутунска банка АД Скопје, обезбедена е можност за плаќање на сметки, при што банката не наплаќа провизија за извршената услуга.

Преку системите за електронско банкарство на сите останати деловни банки во Македонија, обезбедено е плаќање на сметки при што банката наплаќа провизија согласно своите тарифи.

За подетални информации за условите на плаќање со електронско банкарство, обратете се во деловните банки.