| Интернет |
|
| Брзина на интернет пристап (D/U) (1) |
До 4 Mbps / 768 Kbps |
| Вклучен интернет сообраќај месечно (D+U) |
15 GB (2) |
| E-mail адреса |
Вклучена |
| Говорни услуги |
|
| Вклучен сообраќај во мрежата на Македонски Телеком (3) |
100 минути (4) |
| Вклучени разговори кон 2 Max, 3 Max, Call & Surf и Optic корисници |
Неограниченo |
| Сообраќај од фиксен кон мобилен во Македонија |
Редовни цени |
(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори, како што се брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком ќе ја испорача највисоката можна брзина.
(2) По надминувањето на вклучениот сообраќај (download + upload), брзината на пристап се намалува на 256 / 256 Kbps (download/upload).
(3) Говорниот сообраќај вклучува локални и национални повици во рамките на фиксната мрежа на Македонски Телeком, но не вклучува повици кон специјални броеви како, 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др. и повици кон други оператори, коишто се наплатуваат по редовни цени.
(4) По надминување на минутите вклучени во месечниот надомест, разговорите се наплатуваат по редовните цени.
| Времетраење на договорот |
1 година |
| Месечен надомест |
899 ден. |
Еднократен надомест
(кога корисникот сам ја инсталира опремата) |
999 ден.
100% попуст до 31.01.2012 |
Еднократен надомест на рати
(кога корисникот сам ја инсталира опремата) |
12х89 ден.
|
Еднократен надомест
(инсталација обезбедена од Македонски Телеком) |
1.499 ден. |
|
Еднократен надомест на рати
(инсталација обезбедена од Македонски Телеком)
|
12х139 ден. |
| Телефонски разговори и дополнителни услуги |
Редовни цени |
Цените се со вклучен ДДВ.
Тарифниот модел Call & Surf Basic е достапен само со договор на 1 година.
Нема можност за користење со ISDN2 телефонска линија.
(*) Промоцијата на бесплатни меѓународни разговори кон 10/20 држави важи до 31.12.2012 година и се однесува само на фиксните дестинации.
Неодоливо за сите студенти!
Ако дома имате MaxADSL, Call & Surf, 2 Max, 3 Max или некој од пакетите Optic, сега имате одлична можност да уживате во Call & Surf и онаму каде што живеете за време на вашите студии, но по специјални услови за студенти, без обврски и без дополнителни трошоци.
Со студентската понуда дополнитено добивате:
- Бесплатни разговори помеѓу сите корисници на Call & Surf, 2 Max и 3 Max (како меѓу вас и вашите родители)
- Бесплатна самоинсталација
- Бесплатна инсталација на нова фиксна линија
- Бесплатно мирување
Попуст на уреди
За сите нови и постојни Call & Surf корисници кои ќе потпишат договор на една година, обезбеден е попуст на малопродажните цени на компјутери и компјутерска опрема, телевизори и голем избор на други уреди. Покрај попустот, обезбедена е и можност за поедноставено купување, со плаќање на рати преку телефонска сметка.
Проверете ја понудата на уреди
За лица со посебни потреби
Ако припаѓате на оваа категорија, за вас обезбедивме специјален попуст, доколку земете кој било од пакетите Call & Surf. Со потпишување на договор на една година, ќе можете да користите попуст во износ од 500 денари со вклучен ДДВ на месечниот надомест на избраната услугата.
Овој попуст важи за лица кои трајно го загубиле видот, за лица со тешка инвалидност, за инвалиди на трудот (од 80% до 100%), за глуви и наглуви лица и за параплегичари, со доставено решение од надлежен орган.

Студентската понудата важи за сите студенти запишани на редовни, после дипломски или докторски студии, коишто дома користат MaxADSL, Call & Surf, 2 Max, 3 Max или некој од пакетите Optic со договор склучен на определено време. Можноста за мирување на услугата важи до 3 месеци.
За правилно функционирање на Call & Surf пакетот потребен е соодветно инсталиран и конфигуриран уред за интегриран пристап. Уредот го обезбедува Македонски Телеком.
Опремата ја поврзува тим на Македонски Телеком, освен во случај на пакет со самоинсталација кога е потребно сами правилно да ја поврзете и конфигурирате опремата.
Обезбедуваме два типа на уреди за кои упатствата за употреба можете да ги преземете тука.
Thomson TG 782
Speedport W 503V
Нов начин на поврзување на уредот за интегриран пристап (тип AVM Home Gateway)
Доколку во процесот на поставување и користење на опремата ви е потребна помош, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 12345 во Службата за техничка поддршка на корисници, каде ќе добиете инструкции за инсталација на опремата.