Македонски Телеком воведе нова услуга Електронска сметка
08.07.2011 Македонски Телеком воведе нова услуга Електронска сметка за резиденцијалните корисници. Со активирањето на оваа услуга, Македонски Телеком им овозможува на корисниците да ја заменат хартиената сметка со електронска. Услугата е лесна за користење, овозможува брз и едноставен пристап до сметкитe. Електронската сметка ги содржи сите идентични информации како и печатената. Достапна е преку веб страницата Мој Телеком и со користење на услугата, корисниците имаат сигурен пристап до својата сметка 24 часа во текот на денот.
Активирањето на Електронска сметка може да се направи преку страницата Мој Телеком, со јавување на бесплатниот телефонски број 171 или пак во продажните салони на T-Home и T-Mobile. По активирањето на услугата Електронска сметка, секој корисник на својата е-мејл адреса ќе добие информација од кога е достапна сметката, нејзиниот број и висината на износот. Истовремено, преку страницата Мој Телеком корисниците ќе можат електронски, брзо и сигурно да ја платат сметката со платежни картички VISA и MasterCard, без провизија и дополнителни трошоци.
Македонски Телеком за сите постојни корисници на услугата „Моја сметка“ за која плаќаат месечен надомест, обезбеди посебна поволност. По активирање на Електронската сметка, услугата „Моја сметка“ ќе биде бесплатна. Сите корисници кои по активирањето на услугата имаат потреба од сметка во печатена форма, можат да се обратат во еден од Телеком продажните салони.
Со воведувањето на Електронската сметка, Македонски Телеком како општествено одговорна компанија која е активна во зачувувањето на животната средина, им пружа можност и на корисниците да дадат свој личен придонес во заштита на околината.