Специјален попуст за лицата со посебни потреби!
08.08.2011Лицата со посебни потреби што ќе земат кој било од пакетите 3 Max, 2 Max, Call & Surf или Optic, со потпишување долгорочен договор ќе може да користат попуст во износ од 500 денари со вклучен ДДВ на месечниот надомест на услугата.
Овој попуст важи за лица што трајно го загубиле видот, за лица со потешка, односно најтешка инвалидност, за инвалиди на трудот (од 80% до 100%), за глуви и наглуви лица и за параплегичари, со доставено решение од надлежен орган.