Сподели доживувања
  • Прегледај Новости
 Новост   Најгледани филмови 

Имплементиран звучен сигнал за препознавање на пренесени броеви

31.08.2011

Македонски Телеком и Т-Mobile во согласност со законските прописи и со цел да ги заштитат своите корисници, воведоа звучен сигнал за препознавање на пренесен број. Овој сигнал е краток и корисникот ќе го слуша веднаш пред воспоставувањето на повик, во случај кога повикува пренесен број. Звучниот сигнал означува дека повиканиот фиксен или мобилен број се наоѓа во мрежата на друг оператор различна од онаа која е носител на префиксот на повикувачкиот број.

Дополнително, во фиксната телефонија звучниот сигнал означува дека повикувачкиот број ја променил географската локација во рамките на истото нумерациско подрачје, а притоа го променил или го задржал операторот.

Информации во врска со пренесен мобилен број, корисниците на Т-Mobile можат да добијат на 170. Корисниците на фиксната телефонија во мрежата на Македонски Телеком АД – Скопје можат да се информираат за пренесен фиксен број, на телефонскиот број 188.