Богата и разновидна програма за дочекот на Новата 2012 година
22.12.2011 T-Home и T-Mobile заедно со Градот Скопје најавуваат богатата програма за одбележување на престојните празници и спектакуларен дочек на Новата Година 2012 година, исполнета со многу дружење, забава и моменти вредни за споделување за сите генерации. Новогодишната програма се состои од новогодишен маркет, забава за најмладите и голем бесплатен новогодишен концерт за сите граѓани на Република Македонија.
Во рамките на новогодишниот пазар, кој ќе биде отворен од 25 декември 2011 до 01 јануари 2012 година во центарот на Скопје пред трговскиот центар Лумикс, ќе бидат поставени девет мали дрвени куќички, во кои годинава ќе се продаваат автентични производи за унгарската и германската култура. Граѓаните ќе можат да дегустираат храна, пиво, варено вино, разновидни пецива и слатки. Портите на новогодишниот пазар ќе бидат отворени за сите посетители, секој ден од 10 часот наутро до 1 часот по полноќ.
Освен новогодишниот пазар, граѓаните ќе може да уживаат и во богата културно - уметничка програма. За најмладите, предвидени се голем број на интересни содржини, детски театарски претстави, фотографирање со Дедо Мраз и забава со звуците на омилените детски песнички. Во рамките на празничната програма свој перформанс ќе имаат и учениците од музичко балетското училиште „Илија Николовски – Луј“.
Новогодишната празнична еуфорија ќе биде крунисана со голема прослава на плоштадот „Македонија“ на 31 декември, каде сите граѓани на Р. Македонија ќе можат да ја дочекат Новата 2012 со песната и изведбата на македонските музчички звезди меѓу Ламбе Аламбаковски, Лаура Крлиу,Влатко Илиевски, Ветон, Елена Ристеска, Гаро Тавитјан, Есма Реџепова, Владо Јаневски и Тони Зен. Музичката програма ќе започне во 20 часот и ќе трае до раните утрински часови на 01 јануари 2012 година.
Освен T-Home, T-Mobile и Градот Скопје, поддржувачи на проектот за дочек на Новата 2012 година се Унгарската и Германска Амбасада во Република Македонија