Сподели доживувања
 Миграција на нова мултимедијална платформа 

Што претставува мултимедијалната платформа?

Со модернизацијата на мрежата на Македонски Телеком во 2011 година воведена е нова мултимедијална платформа од следната генерација базирана на Интернет протокол, на која до крајот на 2012 година веќе беа префрлени повеќе од половината постојни корисници.

Со оваа платформа, со која ќе бидат заменети сите постојни дигитални телефонски централи, ќе се овозможи воведување на нови услуги со врвен квалитет и иновативни начини за користење на неограничените можности кои ги нуди интернетот.

Кои се моите придобивки?

На сите корисници на Македонски Телеком ќе им биде доделен уред за интегриран пристап на бесплатно користење. На уредот ќе може да се приклучат сите комуникациски уреди кои можат да се користат дома - фиксен телефон, MaxTV (со сите видови телевизори), компјутер, лаптоп, смартфон, веб камери, интернет радија итн.

Во  иднина, сите домашни уреди ќе можат да се управуваат или да се контролираат преку интернет, на сличен начин како што сега MaxTV корисниците можат да закажат снимање од  својот компјутер или мобилен телефон од секаде каде што има интернет врска.

Како можам да мигрирам?

Модернизацијата на мрежата започна во октомври 2011 година, а до крајот  на 2012 беа мигрирани  дел од оддалечените спепени на дигиталните централи како и целосно мигрирана централата во Гевгелија. Процесот на миграција се спроведува во сите региони. Планот е до крајот на 2013 година да се изврши комплетна миграција на сите дигитални централи на новата IMS платформа.

Покрај нашиот план за мигрирање на корисниците кон новата мрежа, обезбедуваме и можност за иницирање на миграција од страна на корисник, за што ќе треба да се јавите во Контакт центарот на 122, по што нашите екипи ќе ја обезбедат миграцијата во најкраток можен рок.

Како се одвива миграцијата?

За реализирање на миграцијата на новата платформа и за искористување на  поволностите, ќе бидете навремено известени од Контакт центарот на Македонски Телеком.        

  • Ако сте корисник на  интернет услуга базирана на ADSL (MaxADSL,  Call &Surf, 3 Max, MaxADSL Pro, Office Complete), пакетите 2 Max, или на пакетите Optic (Max Optic, Call &Surf Optic, 3 Max Optic, Max Optic Pro, Office Complete Optic)  

Откако ќе бидете контактирани од Контакт центарот на Македонски  Телеком, доколку веќе ја имате потребната опрема (AVM Speedport W 503V или  ZTE ZXV10 H 201L) ќе треба да постапите согласно со Упатството  за поврзување на опремата. Доколку немате соодветна опрема, постојната опрема ќе ви биде заменета.

  • Ако сте корисник само на телефонски услуги од Македонски Телеком

Откако ќе бидете контактирани од Контакт центарот на Македонски Телеком ќе ви биде инсталиран уред од страна на технички лица.

Доколку имате дополнителни прашања за оваа поволност, јавете се во нашиот Контакт центар на бесплатниот број 122.