За самостојните MaxADSL пакети не е потребен телeфонски број и не се наплатува месечна претплата за телефонска линија.
Корисниците кои склучиле договор за одреден пакет пред 18 јуни, 2012 година, а сакаат да ги користат новите поволности, потребно е да поднесат барање за миграција во еден од новите пакети, во Телеком продавниците или преку Контакт центарот на 122.
(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори, како што се брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком ќе ја испорача највисоката можна брзина.
(2) По надминување на вклучениот интернет сообраќај, брзината на пристап се намалува на 256 Kbps /256 Kbps.
(3) Политика на фер користење од 300 GB месечно важи за неограничениот интернет сообраќај. По надминување на вклучениот интернет сообраќај, брзината на пристап се намалува на 768 Kbps/768 Kbps.
(4) По надминување на вклучениот мобилен интернет сообраќај во пакетот, брзината се намалува до 64 Kbps / 64 Kbps, а дополнителниот сообраќај не се наплатува.
(5) Со пакетот следува неограничен безжичен Wi-Fi интернет сообраќај на околу 500 Telekom HotSpot локации низ Македонија, кафулиња, ресторани, трговски центри, автобуси, такси возила и други локации. Бројот и местоположбата на Telekom HotSpot локациите може во секое време да се промени.
(6) Опремата е во сопственост на Македонски Телеком.