Сите корисници кои склучиле договор пред 1 март 2010 година, а кои сакаат да ги користат условите, карактеристиките и цените на објавениот пакет ќе може да мигрираат во еден од нашите продажни салони или преку Контакт центарот на телефонскиот број 171.
(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори, како што се брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком ќе ја испорача највисоката можна брзина.
(2) За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 150 GB месечно. По надминување на вклучениот сообраќај, брзината на пристап се намалува на 64 / 64 Kbps (download/upload).
(3) Говорниот сообраќај вклучува локални и национални повици во рамките на фиксната мрежа на Македонски Телeком, но не вклучува повици кон специјални броеви како, 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др. и повици кон други оператори, коишто се наплатуваат по редовни цени.
(4) За неограничените разговори во локален и национален сообраќај важи политика на фер користење која подразбира телефонски разговори до 100 часа месечно. По надминувањето на овој праг, разговорите се наплатуваат по редовните цени.
(5) Попустот на меѓународен сообраќај вклучува повици кон фиксни и мобилни мрежи во странство.
(6) За време на промотивниот период до 31.12.2010, со договор склучен на една година, следат 10 часа бесплатни меѓународни разговори кон фиксни мрежи во следните 20 земји: Австрија, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Швајцарија, Турција, САД, Албанија, Австралија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Унгарија и Шведска. По надминување на 10 часа во текот на еден месец, разговорите се наплатуваат по редовните цени со 30% попуст. Промоцијата не важи со договор склучен на неопределено време.