Од 1 Март 2011 година се применува зголемување на вклучениот интернет сообраќај во сите Max Optic пакети.
- Корисниците кои склучиле договор во март 2010 година или подоцна, автоматски ќе добијат зголемување на вклучениот сообраќај.
- Корисниците кои склучиле договор пред 1 март 2010 година, а кои сакаат да ги користат карактеристиките на објавениот пакет ќе треба да мигрираат во еден од нашите продажни салони или преку Контакт центарот на телефонскиот број 171.
- Цените и останатите карактеристики на пакетите остануваат непроменети.
(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори, како што се брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком ќе ја испорача највисоката можна брзина.
(2) По надминувањето на вклучениот сообраќај од 120 GB (download + upload), брзината на пристап се намалува до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).
(3) За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 500 GB месечно. По надминување на вклучениот сообраќај, брзината на пристап се намалува до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).